Хрватската манекенка Лаура Гњатовиќ отпатувала за Тајланд, каде што се подготвува за учество на 74-то издание на „Мис Универзум“. Корисниците на социјалните мрежи се воодушевени од нејзината убавина.
На снимката што ја објави на Инстаграм, Лаура носи црн топ и кратко здолниште, на првиот ден од подготовките за ова престижно натпреварување. Под објавата следеле бројни комплименти од луѓе ширум светот.
„Време е за Хрватска!“, „Таа е следната Мис Универзум“, „Останав без зборови“, „Дефинитивно најубавата девојка овде“, „Се издвојува од останатите“, се само дел од коментарите.
Хрватката, исто така, споделила фотографии и видеа на кои позира во виолетова проѕирна креација.
„Го привршуваме напорниот ден во прекрасниот хотел ‘Chatrium Riverside’, опкружени со светлата и ритамот на Бангкок“, наведе таа.
Во неодамнешно интервју за "Gloria.hr" изјави дека сака да се претстави себеси и Хрватска во најдобро, препознатливо и автентично светло.
„Верувам дека со тоа доаѓа и добар пласман. За Тајланд патувам сама, без најблиските, што за мене е исто така еден од предизвиците“, изјави Гњатовиќ.
Неодамна се свршила со кошаркарот Филип Вујичиќ, но не брза со организацијата на свадбата.
„Знам дека кога ќе дојде време за тоа, ќе бидам ‘распната’ помеѓу две крајности – дали ќе имаме традиционална далматинска свадба или, пак, елегантна, модерна и минималистичка. Се надевам дека ќе надвладее оваа првата“, рече таа.
„Мис Универзум“ ќе се одржи на 21 ноември во Нонтабури, Тајланд.