[ФОТО] Потрошиле милијарди евра за да го изградат овој град, а денес во него речиси никој не живее

Супермен

10/11/2025

20:04

3.196

Големина на фонт

а а а

Градот зрачи со чудна вибрација и изгледа како напуштено одморалиште. Песочните плажи се долги и убави, но празни. Во трговскиот центар многу продавници и ресторани се затворени бидејќи нема – промет.

„Forest City“ денес се смета за еден од најбескорисните мегаломански проекти во светот. Замислен како паметен град на иднината во Џохор, Малезија, а тој се претворил во град на духови.

Требало да биде луксузна оаза на вештачки остров, но стотици станови во високите облакодери сега стојат празни.


Кога проектот беше најавен во 2016 година, се веруваше дека луксузните станови ќе се распродадат „преку ноќ“ и дека ќе ги купат главно богати Кинези во потрага по инвестиции во недвижности.

Иако првично имало интерес, проектот пропадна поради политичката нестабилност во Малезија, построгите контроли на капиталот во Кина, како и поради пандемијата на коронавирусот.

Дополнително, главниот инвеститор – кинеската градежна компанија „Country Garden“ – потона во големи долгови, па комплексот луксузни станови се претвори во град на духови. Според некои статистики, во градот предвиден за 700.000 жители, денес живеат само околу 9.000 луѓе.


Од 2016 година до сега е изградена само околу 15% од планираната инфраструктура, а и тоа што е изградено не е направено по највисоки стандарди.

На хартија, „Forest City“ требаше да биде зелен и енергетски ефикасен град. Во реалноста, поради насипување на морето и уништување на морскиот екосистем, градот беше критикуван од еколозите и предизвика дипломатски тензии со Сингапур.

Денес градот зрачи со чудна вибрација и изгледа како напуштено одморалиште. Песочните плажи се долги и убави, но празни. Во трговскиот центар многу продавници и ресторани се затворени бидејќи нема – промет.


За да го оживее напуштениот град и да привлече глобални компании од областа на финансии и технологија, малезиската влада во 2024 година прогласи дека „Forest City“ ќе биде посебна финансиска зона без данок.

Засега само неколку компании покажале интерес да отворат свои канцеларии во „Forest City“, а дали тоа ќе биде доволно за да се спаси градот на духови, останува да се види.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk