Кинескиот „Chery“ се обиде со својот „Fulwin X3L“ SUV да го повтори подвигот на „Range Rover“ од 2018 година, но обидот за искачување по 999-те скалила до кинескиот Рај заврши – катастрофално.
Снимката од земја го прикажува „Fulwin X3L“, новиот хибриден теренец, како успева да се искачи до половина од стрмните скалило пред да почне да се мачи. Возачот продолжува да ја гази педалата за гас обидувајќи се да стигне до следната платформа, но автомобилот почнува да се лизга наназад по скалите и удира во голем дел од заштитната бариера, фрлајќи фрагменти над работ на карпата.
Како што пренесува „motor1“, не е изненадување што „Chery“ не успеа да го повтори виралниот момент на „Range Rover“.
Компанијата брзо се извини во јавноста, наведувајќи дека тестот од 12 ноември бил „прекинат поради неочекуван инцидент кој привлече големо внимание“.
Според производителот, проблем со безбедносното јаже ја предизвикал несреќата. Јажето наводно се откачило и се заплеткало во едно од тркалата на возилото, што довело до губење сила и предизвикало „Fulwin“ да се лизне по скалите.
Рајската капија е значајна историска знаменитост во Кина. Нејзините древни камени скалила се старо со векови и водат до пештерата Тјанмен, стара околу 1.700 години.







