Автомобили кои се најчеста мета на крадци: Овие два бренда посебно ги привлекуваат

Точка

13/11/2025

07:58

913

Големина на фонт

а а а

За првпат по четири години, во САД е забележан пад во бројот на кражби на автомобили.

Според податоците на организацијата „AAA“, во 2024 година првпат по пет години биле пријавени помалку од еден милион украдени возила. До крајот на 2024 година, бројот на кражби опаднал за 17 проценти — на вкупно 850.708 возила, покажуваат податоците на „National Insurance Crime Bureau“.

Најчесто крадени автомобили во 2025 година

Во 2025 година, според статистиката, најмногу бил краден „Chevrolet Camaro ZL1“ — според стапката на кражба во однос на бројот на возила на патиштата, додека „Hyundai Elantra“ го држи првото место според вкупниот број украдени возила.

Останати модели кои често се наоѓаат на мета на крадците се „Hyundai Sonata“, „Kia Soul“ и „Honda Accord“.


Најмногу украдени автомобили според вкупен број кражби

• „Hyundai Elantra“ — Моделот се наоѓа на врвот на листата според вкупниот број кражби, тренд што продолжува веќе неколку години поради софтверските ранливости што ги искористија крадци преку методи објавени на социјалните мрежи.

• „Hyundai Sonata“ — Втор на листата по број на украдени возила, со висока стапка на кражби во однос на продажбата.

• „Chevrolet Silverado 1500“ — Популарен пикап кој често е мета на крадци и редовно се наоѓа на првите места по број на кражби.

• „Honda Accord“ — Модел кој со години се наоѓа меѓу најчесто украдените автомобили во САД.

• „Kia Optima“ — Иако повеќе не се произведува, и понатаму е атрактивна мета за крадците.


Најмногу украдени автомобили според стапката на кражба

• „Chevrolet Camaro ZL1“ — Овој спортски автомобил има највисока стапка на кражба: 39 пати е поголема веројатност да биде украден отколку просечно возило произведено во периодот 2022 – 2024 година.

• „Chevrolet Camaro“ (стандардна верзија) — И основниот модел има исклучително висока стапка на кражба — 13 пати поголема од просекот.

• „Hyundai Sonata“ — Водечки модел според бројот на кражби на 10.000 продадени возила.

• „Hyundai Elantra“ — Веднаш зад „Sonata“ по стапка на кражба на 10.000 продадени автомобили.

• „Kia Soul“ — Има слично висока стапка на кражби на 10.000 возила во сообраќај.


Како да се спречат кражбите

Најдобриот начин за спречување на кражба е воведување повеќеслоен безбедносен систем. Иако одредени кражби — особено кај возилата на „Kia“, „Hyundai“ и „Silverado“ — ја користат ранливоста на електронските системи за отклучување, секое возило може да биде побезбедно ако е паркирано на добро осветлено место, под видеонадзор, и доколку се користат физички заштити како блокатори на воланот, аларми и системи против неовластено стартување.

Возачите секогаш треба да ги заклучуваат автомобилите и да се осигурат дека сите прозорци се целосно затворени, потсетува „National Highway Traffic Safety Administration“.

Кај моделите со потенцијални софтверски ранливости, проверката на ажурираниот безбедносен софтвер може значително да го намали ризикот од кражба.

А во случај автомобилот да биде украден, системите за следење како „LoJack“ и други GPS-уреди можат да помогнат во негово лоцирање — па дури и во далечинско деактивирање на возилото, што ја зголемува шансата да биде вратено на сопственикот.