Германската актерка Ивон Волке привлече големо внимание на европската премиера на втората сезона од серијата „Landman“ во Берлин.
Имено актерката доживеала вистинска непријатност со фустанот и се чини дека било предоцна да го поправи проблемот. Имено, за оваа пригода, таа одлучила да облече тесен фустан во кралско сина боја, украсен со светки, но и со длабоко деколте.
Стајлингот го надополнила со едноставни аксесоари, впечатлива шминка и брановидна фризура.
Меѓутоа гореспоменатото деколте ѝ создало голем проблем на црвениот килим, бидејќи во еден момент ги откри бујните гради на Ивон. За жал, актерката не успеала на време да ги „скроти своите раскошни атрибути“, па светот виде повеќе отколку што требаше.

Фотографите на странските медиуми брзо го забележале тој момент, а скандалозните фотографии сега кружат на социјалните мрежи.