Романсата на Џим Кери и Рене Зелвегер сосема очекувано започнала на снимањето на филмот „My, Myself &Irene“.
Како што продуцентот на филмот Боби Фарели изјавил за „Пипл“ во 2000 година, Џим Кери „веднаш се заљубил во неа“, а на актерката ѝ требало малку повеќе време да се „загрее“.
„Ми се допаѓаше, многу, но не одиш [на снимање] за романтична врска“, изјавила таа за Си-Ен-Ен во 2000 година.

„Кога заврши филмот, разговаравме по телефон неколку пати, а потоа почнаа да се шират сите овие гласини дека се забавувам со него. Бев толку лута. Реков: „Не, не е вистина“. И потоа си отидов дома… и си помислив: „Боже, ми недостига“, додала актерката.
Нивната врска траела малку повеќе од една година пред да раскинат во 2000 година.

Додека се подготвувала за улогата во првиот филм за Бриџит Џонс, Зелвегер работела како практикантка во лондонска издавачка куќа.

Како што подоцна признала на Канскиот филмски фестивал, нејзините колеги сметале дека таа (новата колешка) е чудна бидејќи на нејзиното биро имала врамена слика од Џим Кери, а само неколку месеци подоцна открила која е всушност.

Сепак, во декември 2000 година, претставници на двете ѕвезди потврдиле дека Рене и Џим раскинале.
„Од пред неколку недели, Џим Кери и Рене Зелвегер повеќе не се во врска“, изјавиле тие.

Сепак, иако не останале заедно, секогаш велеа дека си се драги еден на друг.
„Таа дефинитивно беше посебна за мене, многу посебна, мислам дека е прекрасна“ еднаш изјавил Кери.
Во своите мемоари, тој напишал дека актерката била неговата „последна голема љубов“.