[ФОТО] Како изгледа домот на омилениот турски пар: Дневната соба е топла, а едноставниот мебел во комбинација со деталите остава без здив

Точка

06/12/2025

11:00

2.801

Големина на фонт

а а а

Славниот турски актерски брачен пар Бергузар Корел и Халит Ергенч којшто се прослави со улогата во Сулејман Вeличествениот во истоимената серија, во брак се од 2009 година.

Нивната среќа ја надополниле синовите Али и Хан и ќерката Лејла, а семејството веќе подолго време живее на релација Истанбул-Лондон. И во двата града живеат во станови, а актерката ја покажала внатрешноста на еден од нив.


Љубовната бајка на турските актери би можела да послужи како предлог за сценарио на некоја серија. За семејната идила на парот сведочат бројните објави на актерите на социјалните мрежи. Обожавателите редовно ги известуваат за животот којшто во последните години се одвива на две адреси.


„За некој како мене, кој не може лесно да промени нешто на што се навикнал, оваа промена која реално бара храброст и подготвеност за иновација е успех. Кога одлучив да ја реновирам дневната соба, сакав да биде дизајн којшто не е само естетски привлечен туку и практичен, издржлив и безвременски“, објаснила актерката во видео во кое прикажува како изгледа нивниот дом.

Ентериерот е полн со удобност

Бергузар претходно открила дека во хороскоп е Девица, како и дека поради тоа внимателно сака секој простор да го претвори во топло и пријатно окружување.


Таа избрала едноставен мебел којшто е удобен. Станот е многу добро осветлен, а ѕидовите во сите простории се целосно бели, баш како и полиците. На видеото можело да се види и нивното куче.


Еден од најпопуларните турски парови се запознал на снимање на серијата „1001 ноќ“. Бракот на Халит не го спречил да ѝ пријде на тогаш 23-годишната актерка во подем и да се вљуби во неа. Поради неа набрзо потоа ја напуштил сопругата и започнал заеднички живот со младата колешка. Од тогаш привлекуваат внимание каде и да се појават.