Токму тоа што ни треба! Оваа чудесна билка може да го забави процесот на стареење и да го подобри здравјето на цревата

Точка

06/12/2025

18:51

398

Големина на фонт

а а а

Морингата е лековита билка со потекло од Индија, каде што со векови се користи во традиционалната медицина за превенција и лекување на бројни заболувања. Moringa oleifera, позната и како „чудесно дрво“, е силна и отпорна билка која може да опстои и во неповолни услови, на сиромашно земјиште, па дури и во суви предели, и може да порасне до 10 метри височина.

Таа е позната и во кулинарството, како и во светот на козметиката. Благодарение на своите бројни благотворни дејства врз здравјето, може да биде одличен додаток во исхраната – може да се консумираат нејзините листови, плодови, цветови, семки, кора и корен, во форма на чај или екстракт, но и како прашок, масло или во форма на таблети.


Морингата не треба да се смета само како додаток во исхраната, таа може да стане дел од нормалната, секојдневна исхрана. Од нутриционистички аспект, таа е богата со аминокиселини, витамини и минерални соли, кои ја прават оваа билка еликсир за целото тело. Морингата е вистинска суперхрана, богата со нутриенти и здравствени придобивки. Листовите од моринга се полни со витамини од групата Б, есенцијални аминокиселини, витамини А и Ц, но и со калциум, железо, калиум и магнезиум. Се консумираат варени, но и иситнети и сомелени во прав, кој може да се користи за чаеви и инфузии.

Незрелите мешунки содржат многу влакна, магнезиум, калиум и манган. Семките и маслото од моринга можат да се консумираат варени и пржени, а маслото содржи олеинска киселина, витамини и минерални соли. Коренот е јадлив и ситнет може да се користи за давање арома на јадењата, но не во големи количини и со голема претпазливост. Имено, содржи алкалоид кој влијае на преносот на нервните импулси, а покрај тоа има и абортивно дејство, па затоа треба да се користи исклучиво под лекарски надзор.

Суплементите со моринга содржат прав од исушени листови од билката, но постојат и екстракти добиени од семките. Во секој случај, благотворните ефекти од консумацијата на моринга, на кој било начин, се бројни, имајќи предвид дека оваа чудесна билка има противвоспалително и антимикробно дејство, изобилува со флавоноиди и полифеноли кои ги зајакнуваат нејзините антиоксидантни ефекти.


1. Против стареење

Високата содржина на протеини, витамини и минерали ја прават морингата вреден извор на витамини А и Ц, калциум и железо, како и есенцијални аминокиселини и антиоксиданси кои ги штитат клетките од слободните радикали.

2. За подобро варење

Консумацијата на моринга може да го подобри движењето на цревата и да спречи појава на запек. Благодарение на своите противвоспалителни својства, оваа билка може да ја зајакне цревната флора и да го подобри варењето.

3. Го намалува нивото на шеќер во крвта

Морингата има хипогликемично дејство, односно го намалува нивото на шеќер во крвта, поради што е одличен додаток во исхраната за лица кои треба да го контролираат шеќерот. Таа е драгоцен сојузник во превенцијата од дијабетес, а во некои случаи и за одржување на телесната тежина под контрола.


4. Го зајакнува имунитетот

Микронутриентите и антиоксидансите во морингата можат да го заштитат организмот од инфекции и болести. Некои студии покажале дека оваа билка може да го зајакне имуниот систем и да ја зголеми продукцијата на бели крвни клетки.

5. Го намалува крвниот притисок

Морингата придонесува за намалување на крвниот притисок и превенција од кардиоваскуларни болести, па затоа претставува одлична помош за одржување на здравјето на срцето.