Неверојатен, но ефикасен трик: На возачите им се советува во автомобилот да стават паста за заби во текот на зимските денови

Супермен

09/12/2025

13:00

788

Големина на фонт

а а а

Експертите советуваат возачите во текот на месец декември да нанесат паста за заби на одредени делови од автомобилот затоа што овој едноставен трик може да помогне во решавање на два чести проблеми во текот на студените зимски услови.

Имено, пастата за заби може да спречи замаглување на стаклата, но и да ја подобри видливоста на фаровите, што е особено важно во текот на кратките зимски денови.

Како што објаснуваат експертите, пастата за заби, баш како и пената за бричење или дури и сокот од свежиот кромид, може да спречи создавање кондензација на внатрешната страна од автомобилското стакло.


Доволно е да нанесете тенок, разводнет слој на паста за заби од внатрешната страна на шофершајбната и прозорците, а потоа лесно да го измачкате. На тој начин се намалува можноста за замаглување или создавање на мраз во посебно ниски температури.

Компанијата „Marmalade“, специјализирана за безбедноста на возачите објаснува дека пастата за заби, ако правилно се разводни, може да спречи настанување на мраз на шофершајбната или барем да го олесни нејзиното чистење во текот на ладните утра. Пената за бричење има сличен ефект додека пак триењето со кромид по стаклото, иако не мириса убаво, исто така може да спречи кондензација.


Освен спречување на замаглување, пастата за заби има уште една корисна примена, чистење на фаровите. Експертите наведуваат дека нанесувањето мала количина паста за заби на мека крпа и кружните движења на фаровите, може да ја отстрани замагленоста која се собрала во текот на времето.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk