Освоил 17 милиони евра на лото и живеел како крал: Патувал, градел и отворал пекари ширум Балканот, а потоа сè тргнало наопаку

Супермен

11/12/2025

12:28

2.178

Големина на фонт

а а а

Пред точно три децении, Бруно Калон стана лице што го познаваше цела Франција. Во 1995 година, тогаш 36-годишниот банкарски службеник од Азебрук, се појави на националната телевизија како најголемиот лото добитник во историјата на земјата.

Со случајно генериран тикет, тој освоил 70 милиони франци, што денес изнесува околу 17 милиони евра. Добивката му го променила животот преку ноќ, но не на начинот на кој многумина би очекувале.

Милиони кои отпочнале големи планови

Според француските медиуми, Калон во почетокот несебично ги делел своите пари: помагал на семејството, пријателите и локалните здруженија. Основал сопствен тим за авто-трки и организирал патувања за стотици луѓе.


Набрзо одлучил да го оствари својот животен сон – вложил во голем дистрибутивен центар за месо, со што ги зачувал работните места во својот град. Сепак, пазарот бил немилосрден и компанијата била затворена во 2004 година, при што Калон изгубил околу пет милиони евра.

Нови почетоци и промашени идеи

Потоа се обидел со проекти во странство – отворил пекара во Сараево и организирал тури за патници во Хрватска. Но, и тие идеи пропаднале поради лошите деловни околности.

По разводот во 2012 година, одлучил да се повлече од раскошниот живот. Се преселил во помал стан и се вработил во институција која помага на лица во социјална потреба.

Но, Калон тврди дека не е пропаднат:

„Добро ми е тука каде што сум. Не се срамам што живеам во социјален стан“, нагласува тој.


Сè уште верува во среќата

За него лотаријата никогаш не ја изгубила својата магија – тикет уплаќа и денес, во истата кафеана каде пред 30 години станал милионер. Не ги гледа своите одлуки како грешки, туку како можности да прави добро:

„Најважно ми беше да им помогнам на луѓето и да ги искористам шансите што ми се укажаа“.

Кога лото добивката менува и туѓи животи

Приказната на Калон не е единствен пример дека парите можат да бидат шанса за добро. Во Англија, еден добитник на „EuroMillions“ финансирал центар за млади со инвалидитет, со што трајно ја подобрил својата заедница. Во САД, една лото милионерка отишла и чекор подалеку – ја донирала целата своја добивка во хуманитарни цели.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk