Веројатно не постои личност која не сака пита, а ние најдовме еден малку поразличен начин за подготовка.
Вака во Романија се подготвува гибаница, а тајната е во преливот. Сите состојки веројатно веќе ги имате дома, па може веднаш да пробате да го направите.
Состојки:
- 400 грама кори;
- 400 грама фета сирење;
- 150 милилитри јогурт;
- 2 јајца;
- 200 милилитри млеко;
- 1 ќесичка прашок за печиво;
- 1 лажичка сол;
- 200 милилитри кисела вода;
- 100 милилитри масло за јадење.
Подготовка:
Намастете го плехот, па ставете 4 кори, секоја треба да излегува на краевите од плехот. Потоа помешајте ја киселата вода, маслиновото масло и солта, па 4-5 лажици од добиената смеса, ставете над распоредените кори.
Останатите кори изролајте ги и исечкајте ги на ленти. Потоа нив додадете ги во плехот, па повторно прелијте со претходно направената смеса.
Здробете го сирењето, па во него додадете го јогуртот, јајцата, прашокот за печиво и млекото. Сѐ добро измешајте и ставете ја смесата над корите. Затворете со кори и повторно прелијте со смесата.
Потоа уште една цела кора ставете над питата и добро затворете. Повторно прелијте со малку од смесата со киселата вода.
Избоцкајте со виљушка на неколку места, па додадете сусам. Питата печете ја на 180 степени Целзиусови околу 25 минути.
На здравје!







