Нова година е еден од ретките празници кој се одбележува речиси насекаде во светот. Во големите градови се организираат огномети, а уличните забави се одржуваат дури и во најмалите села.
Патописецот и новинарката на магазинот „Time Out“, Дејане Камилери Кларг, 31 декември го поминала во десет различни европски градови, па знае каде вреди да одите, а што треба да избегнувате. Нејзината главна препорака е градот Мадрид.

Шпанската престолнина сериозно ја сфаќа забавата, а Нова година не е исклучок. Полноќта е само „круг за загревање“, како што тоа го опишува Кларк, за целодневната забава која трае до раните утрински часови.
Покрај тоа добивате и бонус одбројување еден час после полноќ, кога Канарските острови го достигнуваат копнениот дел на Шпанија, што е прилично единствено искуство.
Центарот на забавата е „Puerta del Sol“, но поголем дел од рестораните, баровите и клубовите ширум градот организираат сопствени забави на кои може да присуствувате.
Сепак, не е сѐ само во забавата – доколку Нова година ја дочекувате во Мадрид ќе имате можност да учествувате и во некои од скапоцените локални традиции.

„Las doce uvas de la suerte“, односно 12-те гроздови на среќата, со векови стара шпанска традиција според која се јаде по едно зрно грозје со секое отчукување на часот по полноќ, за среќа во новата година. Многу е потешко отколку што звучи, што е дел од забавата.
Берлин го зазел второто место на листата најдобри европски дестинации за дочек на Нова година, додека пак Милано е на третото место.
И двата града имаат свој единствен шарм иако прославата во Милано е значително помала, направена со диџеи и денс музика.















