[ФОТО] Пристигнал Дедо Мраз во Лејкерси: Лука Дончиќ ги почестил соиграчите – потрошил 340.000 долари на подароците

Супермен

17/12/2025

12:52

911

Големина на фонт

а а а

Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ, го изненадил целиот тим со одличен подарок за новогодишните и божиќни празници.

Тој им купил на сите свои соиграчи и членовите на стручниот штаб електричен велосипед и потрошил огромна сума пари. Се работи за луксузен електричен велосипед, а Лука купил 103 од нив.

Наводно потрошил над 340.000 долари, што откри и тренерот на Лејкерси, Џеј Џеј Редик.

„Тој донесе подароци за сите во тимот, мислам дека беа вкупно 103. Тоа е многу, многу луксузен електричен велосипед. Навистина сум возбуден што ќе го возам до плажата, му се радувам на тоа. Многу убав гест од него. Сите момци навистина, навистина уживаа“, рекол тренерот на Лејкерс.

Врз основа на моменталните малопродажни цени, се проценува дека божиќното изненадување на Лука чинело над 340.000 долари.

Играчите го добиле моделот „Pedal All-Wheel Drive S“, по цена од 3.350 долари за време на празничната распродажба, додека стручниот штаб го добил моделот „H/T“, по цена од 2.250 долари.


Моделот „All-Wheel Drive S“ е направен за перформанси, со два мотори, опсег од 72 до 129 км и максимална брзина до 58 км/ч во спортски режим. Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат колку биле воодушевени сите, а многумина веднаш ги испробале своите нови возила.


Инаку не е прв пат Лука да ги изненади своите соиграчи, а познато е дека честопати е вклучен во хуманитарни акции. Во Лос Анџелес особено му се благодарни затоа што донирал 500.000 долари за помош на загрозените од шумските пожари.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk