Киселата зелка не е за секого: Еве кои лица треба да ја избегнуваат оваа омилена зимница

Точка

17/12/2025

17:39

487

Големина на фонт

а а а

Големата количина сол во киселата зелка може сериозно да го загрози здравјето на хронично болните лица, особено на оние со покачен крвен притисок и проблеми со бубрезите.

Киселата зелка е ферментирана зелка со карактеристичен кисел вкус, настаната преку процес на млечна ферментација. Таа е богата со витамини и минерали и често се користи во традиционалната кујна, како сирова, така и готвена.

Иако е многу популарна во домашната исхрана, и покрај бројните здравствени придобивки, киселата зелка не е погодна за секого.

Големата количина сол во киселата зелка е главниот проблем поради кој треба да се биде внимателен при нејзината консумација.

За киселење на зелката се користи значителна количина сол, која не се отстранува целосно дури ни со миење на листовите пред употреба. Токму таа сол може да претставува сериозен проблем за лицата кои страдаат од хронични заболувања.


Прекумерниот внес на сол може да доведе до:

• покачен крвен притисок,

• дополнително оптоварување на бубрезите,

• задржување вишок течности во организмот,

• таложење сол во зглобовите и крвните садови.

Солта исто така ја нарушува рамнотежата меѓу натриумот и калиумот, што може да предизвика грчеви во мускулите, особено во пределот на вратот и ‘рбетот.

Немир во рацете и нозете како знак за вишок сол

Една од честите последици од прекумерен внес на сол во исхраната е немир во рацете и нозете. Овој симптом често се јавува токму поради нарушената рамнотежа меѓу калиумот и натриумот во организмот.

Доколку киселата зелка сепак се консумира, се препорачува целосно исфрлање на дополнителната сол од останатите оброци во текот на денот.


Поврзаност меѓу прекумерниот внес на сол и ризикот од рак

Сè поголем број истражувања укажуваат на можна поврзаност меѓу прекумерната употреба на сол во исхраната и зголемениот ризик од одредени видови рак.

Иако киселата зелка е нутритивно вредна и здрава намирница, лицата со покачен крвен притисок, болести на бубрезите и проблеми со задржување на течности треба да ја консумираат со голема претпазливост или целосно да ја избегнуваат.

Умереноста е клучот на здравјето – дури и кога станува збор за традиционални и „здрави“ намирници.