Кајганата со спанаќ или блитва се смета за еден од најздравите појадоци во светот. Освен што се подготвува лесно, таа нема да ве чини многу.
Кајганата со спанаќ е еден од најздравите оброци, најдобар избор за појадок, а во тоа ќе се согласат сите оние кои се занимаваат со нутриција.
Во еден оброк добивате совршен баланс на протеини, здрави масти и микронутриенти, а покрај тоа сте добиле оброк којшто лесно и брзо се вари.

Зошто кајганата со спанаќ е здрава?
Јајцата содржат комплетни протеини, долго ве држат сити и се богати со витамин Б, Д, А и холин, додека пак спанаќот е нутритивна „бомба“ со малку калории. Спанаќот е полн со железо, магнезиум, калиум, витамин Ц, К и фолна киселина.
Зошто овој појадок е совршен за слабеење?
Доколку на протеините од јајцата им додадете растителни влакна од спанаќот или блитвата, ќе добиете оброк којшто го стабилизира шеќерот во крвта. Одличен избор за појадок, но и вечера за оние кои внимаваат на својата линија или се на диета.
Доколку на овој оброк му додадете фета или печурки, ќе го унапредите оброкот, ќе го зајакнете и така од него ќе го добиете максимумот.

Како се подготвуваат јајца со спанаќ?
Во блендер ставете ги јајцата, една дланка спанаќ, па изблендирајте. На малку маснотија испржете ја кајганата која може да ја послужите со краставица или домат.
На здравје!







