[ФОТО] Розова магла ја окова престолнината на оваа европска престолнина: Жителите се разбудија и останаа во шок – метеоролог објасни зошто се појавува овој редок феномен

Точка

17/12/2025

22:31

631

Големина на фонт

а а а

Британците утрово се разбудија „оковани“ од редок феномен – розова магла. Оваа необична појава се создава кога сончевата светлина се пробива низ прашина или влага во воздухот, при што сината и зелената светлина не можат да продрат, додека црвената минува, создавајќи розево небо. Овој ефект беше особено изразен во утринските часови во Лондон и Оксфордшир.

„Кога сончевата светлина поминува низ многу слоеви, сината светлина се филтрира и се распрснува, додека црвената може да продре. Во суштина, станува збор за изгрејсонце филтрирано низ атмосферата и маглата, што му го дава тој розев тон. Сè зависи од локалните услови – објасни Грејам Медџ, портпарол на британската метеоролошка служба „Met Office“.


Метеоролозите предупредија на поплави и потенцијална „опасност по животот“ поради надојдени реки, кои во текот на денот можат да поплават домови и деловни објекти, како и да предизвикаат нарушувања во железничкиот и автобускиот сообраќај во југозападна Англија, пишува британскиот „Telegraph“.


Исто така, се наведува дека може да дојде до откажување летови, а најголемите проблеми се очекуваат во делови од Јужен Велс и во југозападна, централна и источна Англија.


Жолт метеоаларм ќе биде на сила до полноќ, низ цела југозападна Англија и јужен Велс. Дел од Источниот Мидлендс во централниот дел на Англија исто така се под жолт аларм, но поради магла.