Дали некогаш сте се запрашале што се случува со багажот што ќе остане заборавен на аеродром? Еден маж од тоа направил профитабилен бизнис, а своите откритија ги споделува со милиони луѓе на интернет.
Скот Фенсом (26) од Хемпшир се занимава со препродажба на изгубен имот и редовно на аукции купува куфери и торби што патниците никогаш не ги подигнале. Понекогаш во нив наоѓа вистинско богатство, а понекогаш – само туѓо ѓубре.
Во неодамнешно видео тој ја покажа содржината на отфрлен ранец за кој платил 10 фунти (11,4 евра). Уште на почетокот од торбата испаднале отпушок од цигара и филтри. „Тоа е одлично, нели? Добар почеток“, иронично коментираше Скот.
Внатре пронашол и пенкало, приврзок, разни ситници, две СИМ-картички и неколку празни пластични кеси. Во друга преграда имало стари патики, слушалки, очила за читање, заштитни ракавици, празна лименка енергетски пијалак, работничка јакна, весници, рефлектирачки елек и дезодоранс.
Најбизарниот предмет
„Очекував малку повеќе, почна навистина ветувачки“, призна тој. Неговите следбеници во коментарите се пошегуваа. „Вака изгледаше мојот ранец во осмо одделение“, напиша еден, додека друг предупреди: „Јас би инвестирал во ракавици отпорни на игли“.
Сепак, содржината на ранецот не била најчудната работа што Скот некогаш ја пронашол. „Најбизарниот предмет досега беше стаклена тегла со супа. Тоа беше сосема неочекувано“, откри тој.
Во друго видео тој отпакува куфер со подеднакво неимпресивна содржина, вклучувајќи расипани слушалки, батерија и облека. Но, посебен „додаток“ бил пар извалкани бели гаќи. „Имаат дамка во препоните. Одвратно. Грозно. И не носам ракавици“, рече згрозено.
И покрај честите разочарувања, овој бизнис понекогаш знае и те како да се исплати. „Некои куфери се полни со изненадувања. Највредните предмети што сум ги пронашол беа дизајнерска облека и модни додатоци, често сосема нови со етикети“, објасни Скот.








