Плус-сајз инфлуенсерката Алекс Апасиа (31) привлекла големо внимание за време на неодамнешната посета на Париз каде што му седнала во скут на Дедо Мраз, кој поради нејзината тежина од 171 килограм речиси колабирал.
Приказната станала вирална, а Алекс признала дека минувачите не можеле да престанат да зјапаат во нејзиното како што рекла „тело со големина на кит“.
Речиси „кобна средба“ за Дедо Мраз
Оваа инфлуенсерка, висока 183 см, позната е по промовирањето на позитивниот став кон телото и гордо ги покажува своите облини на социјалните мрежи. Но, средбата со Дедо Мраз во Франција била посебно искуство. „Луѓето зјапаа во мене како да сум луда. Кришум ме снимаа со своите телефони“, изјавила Алекс за „What’s The Jam“.

Таа додала и дека ѝ се приближила една госпоѓа: „Ми кажа дека имам фантастично тело, но дека не припаѓам во Париз бидејќи тоа не се смета за „париски“ стил. Но, ѝ се допаднала мојата самодоверба“.
Реакции на социјалните мрежи
Додека Алекс седела во скутот на Дедо Мраз, минувачите ја гледале со изрази на „згрозеност“. „Мислам дека на Французите не им се допадна плус-сајз девојка на Дедо Мраз хаха“, рекла таа.

На социјалните мрежи набргу се појавиле бројни реакции. Додека некои била воодушевени, други не биле многу нежни. „На Дедо Мраз сепак му се допаднало!“ напишал еден корисник. „Мислам дека на Дедо Мраз не му пречело“, се согласил друг, а трет се пошегувал: „На Дедо Мраз Божиќ порано му пристигнал!“. Од друга страна, се појавиле и коментари како: „На кутриот Дедо Мраз ќе му требаат нови колк и колено“.
„Плус-сајз телата не се норма во Европа“
Алекс, која живее во Мајами, верува дека реакцијата се должи на фактот дека плус-сајз телата не се „норма“ во Европа. „Стандардот за убавина (тука) е да се биде екстремно слаб“, објаснила таа. „Затоа мислам дека кога ќе видат висока, плус-сајз жена со самодоверба која носи што сака, тоа е многу визуелно впечатливо“, додала таа.

Алекс опишала како се соочила со различни реакции: „Откривам дека некои луѓе се заинтересирани и ми приоѓаат да се фотографираат. Додека други тајно ми се потсмеваат и ме покажуваат на своите пријатели и се смеат. Тоа е мешавина од емоции и реакции“.

Оваа инфлуенсерка е позната и по своите критики кон инјекциите за слабеење како што е Оземпик, гордо фалејќи се со својата „трансформација без Оземпик“. „Се чувствувам како да сум станала најдобрата верзија од себе. Ослободена сум во моето тело и исклучително сум горда бидејќи сум целосно природна“, заклучи таа.













