Популарната српска пејачка Сара Јо на својот Инстаграм профил најави емотивен настап во Скопје којшто ќе го посвети на својот долгогодишен соработник и близок пријател Панчо којшто почина по повеќемесечна борба по пожарот во Кочани.
Сара Јо утревечер ќе има настап во познат скопски локал, па додека се подготвува да настапи пред македонската публика, на социјалната мрежа Инстаграм објави видео и неколку фотографии со Панчо од ДНК.
Панчо и Сара долги години соработуваа, односно тој ѝ беше букинг агент за Македонија и ѝ договараше настапи низ земјава.
Со текот на времето тие се зближиле и приватно, па така нивната соработка се претворила во пријателство.
„Во сабота ќе пееме за тебе. Мој незаменлив П. Те сакам. Засекогаш“, напиша Сара на видеото кое го објави на Инстаграм, а на кое таа е на проба, а Панчо во позадина пушта музика.

Освен видеото, Сара објави и заедничка фотографија со Панчо на која двајцата се насмеани и прегрнати, но и видео направено по настап каде таа му ја зема раката на Панчо, покажува една од неговите тетоважи во камерата и го прашува дали тој е „bad boy“ (лошо момче), додека Панчо низ насмевка ѝ одговара: „for life“ (засекогаш).

Настапот на Сара се очекува да биде исполнет со многу емоции, музика и искрена посвета, а публиката во Скопје ќе има можност да биде дел од вечер во која се слави пријателство, спомени и музичка поврзаност.











