За многумина зимата претставува време на смирување, на забавување на работите и опуштање, период кога поголемиот дел од времето се поминува дома и не се потребни изговори за наоѓање на добар филм и поминување на два часа стуткани под ќебе. А ниедно домашно кино не е целосно без добра филмска ужина.
Затоа денеска ќе ви дадеме неколку предлози за тоа како да ги искомбинирате актуелните филмски хитови со вкусни и здрави грицки од Виталиа.
Како што доаѓаме до самиот крај на годината, се ближиме до крајот на фестивалската сезона и претставувањето на листите со номинации за најголемата филмска награда во светот – Оскарите.

Eден од најголемите фаворити за наградата за Најдобар филм оваа година е „Една битка по друга“ („One Battle After Another“) со Леонардо ДиКаприо, кој по освојувањето на киносалите ширум светот полека станува достапен и на стриминг платформите. Ако сте расположени за добра акција со голема доза на хумор и сатира, тогаш ова е вистинскиот избор за вас. A динамичниот и непредвидлив ритам на овој филм оди совршено со Протеинскиот крцкав микс со вкус на чили, кој е направен за да ги разбуди сите сетила, истовремено обезбедувајќи ги сите потребни нутриенти за здрава и вкусна ужина.

Љубителите на класици, пак, сигурно ќе уживаат во безвременската приказна за Чудовиштето на Франкенштајн, во истоимениот филм на Гиљермо Дел Торо направен според култната книга на Мари Шели. Неверојатната актерска екипа составена од прекрасната Миа Гот, Оскар Ајзак, Џејкоб Елорди, Чарлс Денс, Криштоф Волц и многу други сигурно ќе ви го задржи вниманието и ќе ви понуди нешто повеќе од два часа одлична забава. Бидејќи филмот трае долго ќе ви биде потребна енергија за да го изгледате до крај, па затоа предлагаме да комбинирате класика со уште класика – крцкав гранола бар без додаден шеќер, од Виталиа прелиен со бел крем и со уникатен вкус на ванила. Одлично оди во пар со топол чај или кафе, но и во комбинација со суво овошје. Совршената слатка ужина!

Не може да помине ниту една препорака од Виталиа без да го споменеме квалитетниот домашен производ. Оваа година, македонски кандидат за Оскар е новиот документарен филм на Тамара Котевска по име „Приказната за Силјан“. Филмот веќе собра многу награди на повеќе фестивали ширум светот и доби големи пофалби од критичарите, во уште еден триумфален исход за нашата млада режисерка. Симболично, ќе се обидеме да дадеме препорака за грицкање со домашен вкус. Овесните крекери со босилек и семиња – Направени од 100% природни состојки со балансиран нутритивен профил – овесни снегулки, семки од интегрален сусам, лен, босилек и сушен лук, направени така да потсетуваат на нашата локална храна.
Ова се само три филмски предлози и три вкусни закуски кои можете да ги пробате оваа зима, додека го набљудувате ладниот зимски пејзаж од зад прозорецот на вашиот топол дом. Кој филм и да го изберете, нема да промашите, а истото важи и за грицките од Виталиа – бидејќи тие се направени за да ги задоволат сите барања, вкусови и потреби дури и на најпребирливите љубители на здравата храна. Филм за мерак и грицкање без грижа!



Комерцијален текст













