Невролозите велат: Избегнувајте ги овие три намирници ако сакате здрав мозок

Точка

20/12/2025

20:20

686

Големина на фонт

а а а

Иако честопати се расправа околу врската помеѓу исхраната и ризикот од деменција често, експертите се согласуваат дека медитеранската исхрана е одлична основа за здрав живот, што пак е од корист за функцијата на мозокот.

Сепак, невролозите предупредуваат дека постојат одредени видови намирници што треба да ги избегнуваме, а три се истакнаа како „најлоши за здравјето на мозокот“.

Здружението за Алцхајмерова болест објасни дека медитеранската исхрана, богата со овошје, зеленчук, полнозрнести житарки и масна риба е клучна за одржување на здравјето на мозокот. „Една од причините зошто медитеранската исхрана се смета за корисна е тоа што е богата со антиоксиданти од овошје и зеленчук.Тие можат да помогнат во заштитата од дел од оштетувањата на мозочните клетки поврзани со Алцхајмеровата болест“, вели Здружението, додавајќи дека истражувањата покажале дека може да биде корисна за одржување на меморијата и когнитивните вештини.

Неодамнешна студија дури сугерира дека таквата исхрана може да го намали ризикот од деменција до 23 отсто.


Но, додека некои видови храна помагаат, други активно штетат. Експертите истакнале три намирници кои треба да ги сведете на минимум.

Газирани пијалаци

Поради нивната екстремно висока содржина на шеќер, неврологот д-р Шахин Лакан ги смета газираните пијалаци за една од најлошите намирници за мозокот.


„Газираните пијалаци се една од најлошите намирници за здравјето на мозокот поради нивната висока концентрација на едноставни шеќери, кои ги оштетуваат крвните садови што го снабдуваат мозокот. Со текот на времето, ова го лишува мозокот од горивото што му е потребно за да функционира, што доведува до предвремена деменција и мозочни удари. Акутно, шеќерот предизвикува и воспаление на мозокот, раздразливост, лошо расположение и нарушувања на спиењето“, истакнал тој.

Маргарин

Маргаринот содржи трансмасти кои го зголемуваат нивото на лош холестерол и ги оштетуваат крвните садови, вклучително и оние во мозокот.


„Често слушаме дека транс мастите не се добри за срцето и крвните садови. Истото важи и за крвните садови во мозокот“, рекла д-р Шеј Дата. Нејзините зборови се поткрепени со студија објавена во списанието „Neurology“, која открила дека постарите луѓе со највисоки нивоа на елаидинска киселина – честа транс маст – во крвта имаат поголема веројатност да развијат деменција. Затоа, се препорачува да се држите до маслиновото масло и вистинскиот путер.

Помфрит

Омилена ужина на многумина, помфритот е меѓу масните намирници кои можат да предизвикаат сериозни оштетувања.


Д-р Педрам Наваб објаснил како таквите намирници влијаат врз мозокот. „Исхраната што вклучува масна храна како помфрит може да ги оштети крвните садови што го снабдуваат мозокот, предизвикувајќи когнитивно оштетување. Го намалува интегритетот на крвно-мозочната бариера (БББ) и доведува до невронско оштетување на хипокампусот, дел од мозокот кој е критичен за учење и меморија“, нагласил тој.