Крилото кое блесна на последните средби во Премиер лигата: Не добив доволно шанси во Милан, но можеби ќе се вратам

Дерби

25/12/2025

11:53

241

Големина на фонт

а а а

Самуел Чукуезе не успеа да се наметне како старер во Милан во изминатите две години и во текот на летниот преоден рок реши да ја промени средината, а во последно време, привлече внимание со своите партии во Фулам.

Крилниот напаѓач забележа три асистенции и постигна два гола на последните пет натпревари во Премиер лигата, па во ситуација кога со огромна самодоверба замина на Афиканскиот Куп на нации, неговата Нигерија ја запиша и првата победа во групната фаза.

Чукуезе има 26 години и самиот е свесен дека може дополнително да напредува на фудаблски план, а после извонредните претстави кои ги имаше во Вилјареал, сега во Фулам повторно потсетува на тие претстави.

– Не ми беше дадено многу време и доволно шанси во Милан, но тоа е фудбалот. Мора да продолжам да работам и да верувам дека среќата ќе се промени. Можеби еден ден ќе се вратам во Серија А и во Милан, или можеби ќе се вратам во Ла Лига.

– Сега сум фокусиран на Фулам, да бидам искрен, фудбалот во Англија подобри ми прилега од оној во Италија кадешто има многу тактика. Сепак, мене лично ми недостасува Милано, тоа стана мој втор дом и моето семејство остана таму. Му посакувам се најдобро на Милан, јас се уште сум нивни играч и во Фулам сум само позајмен фудбалер, – нагласи Чукуезе.