Мамурлакот е најлош од овие 4 алкохолни пијалаци: Доктор по фармација објаснил што содржат и зошто ја „разоруваат“ главата

Точка

02/01/2026

14:38

932

Големина на фонт

а а а

Иако пред два дена ја дочекавме Новата 2026 година, гоштевањето со богатата празнична трпеза, а со тоа и пиењето алкохол продолжува и деновиве. За повеќето, откако ќе „навлезат чашата“, тешко е да се придржуваат до советите за умереност и престанок со алкохолот „кога е највесело“.

Но, ако веќе знаете дека постои можност да претерате, можеби не е лоша идеја однапред да знаете кои пијалаци најчесто оставаат „тешка“ трага следниот ден и зошто токму тие предизвикуваат најлош мамурлак.

Во неодамнешно видео објавено на социјалната мрежа Тикток, Крис Вудвард, доктор по фармација, ги наведува различните пијалаци што предизвикуваат најлош мамурлак. Докторот исто така наведува, колку лошо ќе се чувствувате следното утро зависи и од возраста и генетиката, и дека ниеден вид алкохол нема целосно да ве амнестира од лошото чувство. Сепак, послушајте го неговиот совет и погрижете се да ги избегнувате овие четири пијалаци што предизвикуваат најлош мамурлак.

1. Пиво и шампањ


Чаша шампањ или точено пиво може да изгледа како безопасна опција за прослава на Новата година или за деновите потоа, бидејќи овие пијалаци може да содржат помалку алкохол од коктелите или жестоките пијалаци. Но, според Вудворд, пивото и белото вино можат да имаат и спротивен ефект од очекуваното, а еве зошто.

„Тие имаат помала количина алкохол по волумен, но затоа е лесно да се претера“, предупредува докторот. „Плус, меурчиња? Ќе ја забрза апсорпцијата на алкохолот.“

2. Црвено вино

Омилен пијалак на жените, елегантен, софистициран, но сепак… Ако се зема умерено, овој пијалак може дури и да има корисен ефект врз здравјето. Сепак, ако претерате, ве очекува еден од најлошите мамурлаци.

„Ги имате танините, хистамините, шеќерот… Сето тоа е рецепт за мамурлак, дури и пред да го испиете шишето“, предупредува Вудвард.


Ако сте љубител на вино, можеби ќе сакате да размислите за алтернатива. Според „Хелтлајн“ (Healthline), преминувањето на бело вино потенцијално би можело да ги намали вашите шанси за развој на страшниот мамурлак. Секако, како и секогаш, умереното пиење (или дури и никакво) е единственото вистинско решение.

Кафеави жестоки пијалаци

Без разлика дали го пиете „соло“ или правите коктел, интензитетот на потемно кафеавата боја е особено проблематичен кога се справувате со тежок мамурлак. Ако претпочитате да избегнете да се чувствувате лошо следниот ден, Вудвард посебно предупредува против кафеави жестоки пијалаци како виски, бурбон, бренди и темен рум.

„Овие пијалаци се полни конгенери, сродни соединенија“, вели тој. „Тие одлежеле, ароматизирани се, сложени – и вашиот црн дроб ги мрази.“

Д-р Крис Вудвард го издвојува бурбонот, истакнувајќи дека е „позната бомба за мамурлак“.


Конгенерите со ист ефект вклучуваат нуспроизводи произведени за време на ферментацијата заедно со етил алкохол, кој може да вклучува киселини, естри, кетони, алдехиди и други соединенија. Некои истражувања сугерираат дека алкохолот што содржи повисоки нивоа на сродни соединенија потенцијално може да предизвика полош мамурлак.

Евтин алкохол

Секако, ова е очигледно црвено светло. Според Вудвард, поевтиниот алкохол е главниот виновник за мамурлакот кој, покрај тоа што е интензивен, трае и долго.

А зошто е тоа така, науката има објаснување. Поевтините жестоки пијалаци што се дестилираат поретко може да имаат повеќе конгенери во нив, а според истражувањето презентирано во статија од 2013 година во списанието „Forensic Science, Medicine & Pathology“, овие соединенија можат да ја забават способноста на телото ефикасно да го преработува алкохолот.


Сакате да ги намалите шансите да се чувствувате лошо и да легнете денот по забавата. Како што пишува „Хелтлајн“, важно е да јадете нешто пред да почнете да нарачувате пијалаци и не заборавајте да се хидрирате со пиење вода помеѓу пиењето алкохолни пијалаци.