Актерката Софија Вергара ужива во Европа: најпрво Божиќ го поминала во Виена и ги воодушевила сите со својот празничен стајлинг, а потоа во ист ритам продолжила и во Лондон.
Секако, раскошните облини се неизбежни кога станува збор за неа.
Изгледа дека Новата година ќе ја прослави во Лондон, а вечерта претходно ја одбележала со нова низа фотографии на кои целото внимание го украл нејзиниот чипкаст корсет.
Не е тајна дека Софија ужива во вакви модни изданија, па за оваа пригода одбрала чипкаст корсет во беж боја кој едвај ги задржал нејзините бујни гради, а сè искомбинирала со подолго здолниште со светки.
Раскошните облини на Вергара секогаш се главна тема, без разлика каде се наоѓа и што облекла. Коментарите на сметка на нејзиниот изглед не изостанаа ни овој пат, а како и секогаш, обожавателите ѝ порачале дека е убава и згодна.
Ноќите во Лондон никогаш не биле толку интересни како сега кога таму е огнената Колумбијка, а сите со нетрпение чекаат да видат каде ќе ја прослави Новата година, но и што ќе облече.