Љубовниот живот на славниот фудбалер Нејмар личи на сапуница. Фокусот на приказната е ставен на неговите неверства, по кои е и меѓу „рекордерите“. Заплетите се бројните раскинувања и смирувања што ја одбележаа неговата врска со Бруна Бјанкарди. Телeновелата сè уште трае и парот е (засега) заедно.
Нејмар имаше турбулентна врска и со актерката Бруна Маркезине. Романсата ја започнале во 2013 година, а по чести прекини конечно се разделија во 2018 година.

Фудбалерот во врската со Бруна Бјанкарди, која е неверојатно слична на неговата поранешна девојка и го носи истото име, „вплови“ во април 2022 година. Летото истата година раскинаа, за потоа брзо да се смират. Во февруари 2023 година таа му го честиташе роденденот на „Инстаграм“ со фотографија од нивниот бакнеж, со што и официјално го потврдија смирувањето.
Но, тоа не траеше долго. Веќе во ноември 2023 година следеше уште едно раскинување — само еден месец откако ја добија ќерката Мави.
Нејмар ја изневерил Бруна додека била во поодмината бременост. Јавно го призна тоа откако аферата излезе на виделина и побара прошка од неа.
„Ова го правам за вас двете и за нашето семејство. Го оправдувам она што не може да се оправда. Не требаше да го направам ова, но ми требаш во нашиот живот. Видов колку страдаше поради сето ова, колку сакаш да бидеш со мене и колку јас сакам да бидам со тебе. Погрешив.
Се осмелувам да кажам дека грешам секој ден — на теренот и надвор од него, но грешките од приватниот живот ги решавам дома, во приватност, со пријателите и семејството.
Сето ова стигна до луѓето кои ми се посебни во животот. До жената за која сонував дека ќе биде покрај мене, мајката на моето дете. Ова беше удар за твоето семејство, кое сега е и мое семејство. Дојде до нарушување на интимноста во еден толку посебен момент како што е мајчинството. Бру, веќе се извинив за моите грешки, но чувствувам потреба тоа да го направам и вака, јавно. Приватната работа стана јавна и затоа извинувањето мора да биде јавно.
Нашата цел е да го надминеме ова. Љубовта кон нашето дете ќе победи, нашата љубов еден кон друг ќе нè направи посилни. Засекогаш ние. Те сакам“.
На јавното извинување и признанието дека ја изневерувал бремената девојка реагирал и таткото на Нејмар, кој порачал: „Така е, сине… Животот секогаш нè учи. Честитки“.
На многумина ваквата порака воопшто не им се допаднала: „Изгледа јаболкото не паѓа далеку од дрвото“, „За што точно му честита?“, гласеа дел од коментарите. Без разлика дали станува збор за несмасен избор на зборови или нешто друго, таткото на Нејмар со оваа реакција си даде автогол. Иако очигледно сакал да му честита на синот што јавно се покајал, зборот „честитки“ предизвика голема бура.
На многумина им изгледаше бизарно што воопшто се огласил, а сè на крајот делуваше како да ги поддржува неверствата на својот син — како да е во ред ако Нејмар ја изневери партнерката, а потоа се извини. Погрешил, научил од грешките и заслужува големо „браво“, според мислењето на неговиот татко.
Нејмар, очигледно, е лош „ученик“. Според светските медиуми, ја изневерил Бруна дури 92 пати. Ако татко му по секое покајание му честитал, сигурно се уморил.
Со отворен ум и уште пошироко срце била и Бруна, која преминала преку сè и денес сè уште е во врска со него. Во јули оваа година ја добија и втората ќерка.
„Нашата Мел пристигна за уште повеќе да ги исполни и заслади нашите животи. Добредојде, ќерко! Нека те благослови Бог и нека те чува од секое зло! Се радуваме на ова ново поглавје со тебе. Те сакаме“, порачаа тие.
Нејмар (33) има четири деца. Имал 18 години кога се родил неговиот син Дави Лука, кого го доби со инфлуенсерката Каролин Дантас. Најстариот наследник тренира фудбал. Во јули 2023 година ја доби ќерката Хелена со инфлуенсерката Аманда Кимберли — со која ја изневерил Бруна. Унгарската манекенка Габриела Гашпар тврди дека фудбалската ѕвезда е татко на нејзината 10-годишна ќерка.
Со Бруна и ќерките Мави и Мел ужива во празниците. Му порачуваат дека треба да ја негува и почитува врската со својата партнерка, бидејќи тешко дека која било друга жена би го трпела на таков начин. Му велат и да заборави на прељубите.
Судејќи според минатото, нова афера не би била изненадување, а и Бруна, која ужива во „dolce vita“ начин на живот, има огромен капацитет за простување. Но, сè има своја граница?