Последното видео од теренот во Џеда покажа дека Чаби нема контрола над соблекувалната во Реал

Дерби

13/01/2026

12:22

507

Големина на фонт

а а а

Чаби Алонсо пристигна во Реал Мадрид со голем ентузијазам и беше извонредно пречекан од сите навивачите на Реал Мадрид, а најголем дел од нив му даваат и поддршка во моментите кога важи за екс предводник на „кралевите“.

Речиси 80 процените од гласачите во анкетата која ја направи угледната „Марка“ сметаат дека Чаби добива незаслужен отказ во раната фаза од 2026-та година, па во ситуација кога прстот се вперува кон Флорентино Перез и играчите, навистина интересно е да се види каква ќе биде реакцијата од трибините на првиот натпревар кој следи.

Отказот кој се најавуваше од крајот на месец ноемеври на крајот се реализираше на 12-ти јануари, па иако судбината посака детонација за „бомбата“ да биде „Ел Класико“ поразот од Барселона, реалноста е дека Чаби веќе некое време имаше проблем со егата на фудаблерите.

Алонсо не успеа да ги задоволи сите играчи во првиот тим поради фактот што реши да ротира и да примени сосема различни идеи од оние на Карло Анчелоти, а последното видео од теренот во Џеда само потврди дека веќе нема контрола над соблекувалната.

Килијан Мбапе одмавнуваше со рака кон правец на Алонсо и му порачуваше на тренерот да ги испрати сите играчи во соблекувална, се со цел да не се приреди традиционален шпалир во чест на шампионот Барселона, потег за кој Французинот доби многу критики, но за кој сега се гледа и како јасно причина зошто Чаби не издржа долго во Реал.