Фудбалерите на Сенегал вторпат во историјата го освоија Купот на Африканските нации откако ја совладаа селекцијата на Мароко со резултат 1:0.
Апсолутен херој на финалето бил искусниот фудбалски ас Садио Мане.
Да ве потсетиме, по шокантниот пенал којшто бил досуден за Мароко во осмата минута од надополнувањето на регуларниот дел од натпреварот, огорчените фудбалери на Сенегал на инсистирање на селекторот демонстративно излегле на терен. Не сакале да го продолжат натпреварот, но Мане успеал да ги убеди да се вратат.

Брахим Дијаз го промашил пеналот, а Сенегалците по една освоена топка на Мане на средина на теренот во четвртата минута од првото продолжение стигнале до победничкиот гол.
Така искусниот Мане уште еднаш станал херој на Сенегал.
Најголема поддршка во големото финале на Сенегал била младата сопруга на фудбалерот Ајша Тумбу (19).
Мане пред две години стигнал во центар на внимание во јавноста откако се оженил со прекрасната 18-годишна девојка.
Ова скромно момче од Сенегал кое води мирен и повлечен живот, ја запознал девојката преку фудбалски агент кога таа имала само 16 години поради тоа што неговиот менаџер бил близок пријател со таткото на Ајша.
Медиумите шпекулирале дека ја криеле врската пред таа да стане полнолетна, меѓутоа нејзиниот татко тоа го демантирал. Тој тврди дека Мане и Ајша никогаш не „излегувале“.
„Мојата сопруга и Ајша еден ден го посетија семејството на Мане и тука првпат ја сретна тој. Веројатно видел нешто посебно во неа, а и неговите родители ја ценеа. Дојдоа кај мене. Традиционално разговаравме, се договоривме и сите го чекаа овој ден. Не излегуваа претходно затоа што Ајша беше многу млада“, тврдел таткото на девојката.

Наводно, бракот бил договорен додека таа сѐ уште одела на училиште. Чекале да наполни 18 години за да се венчаат, а до тогаш Мане ги плаќал сите нејзини сметки.
Интересно, фудбалерот којшто инаку е познат како голем хуманитарец, купил компјутери за нејзиното училиште, обезбедил интернет за цела заедница и по 70 евра месечно за секое семејство кое живее таму.

Мане и Ајша 14 месеци по венчавката станале родители. Прекрасната девојка во март 2025 година на светот донела девојче, а гордиот татко го прославил тоа со погодок во дресот на Ал Наср, нишајќи ги рацете во чест на својата наследничка.