Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, се сретнал со легендарниот НБА кошаркар Шекил О’Нил.
Средбата се одржала во Центарот за развој на кошарката „Turkcell“, а претседателот Ердоган по тој повод на своите официјални профили на социјалните мрежи споделил објава со неколку фотографии.
На објавените фотографии се гледа како Ердоган и О’Нил разменуваат потпишани кошаркарски топки како симболични подароци, со што средбата добила и спортско-дипломатска нота.
🏀🇹🇷
Posted by Recep Tayyip Erdoğan on Tuesday, January 20, 2026
Овој некогаш доминантен центар со години беше најдоминантниот кошаркар во најсилната лига на светот, а во кариерата освои четири шампионски титули во НБА лигата.
Настапувал за Орландо, ЛА Лејкерс, Мајами, Финикс, Кливленд и Бостон, а трипати беше прогласен за најкорисен играч (MVP) на финалната серија на НБА лигата и тоа во периодот од 2000 до 2002 година.