[ВИДЕО] Ружа на Малдивите поминува еден месец сосема бесплатно, не плаќа ниту сместување ниту храна: Вели дека секој може да ја добие оваа прилика – но, под еден услов

Точка

20/01/2026

17:40

735

Големина на фонт

а а а

Ружа Миливојевиќ, страствена заљубеничка во соло патувања, поминува еден месец на Малдиви – и тоа сосема бесплатно.

„Имам привилегија да останам овде 4 недели и да помагам на локалната заедница, а истовремено да добијам бесплатно сместување и три оброци дневно“, се пофалила Ружа во видео на ТикТок и покажала некои од сцените во кои ужива на тој рајски остров.

Открила и на која „фора“ – а всушност фора нема: сите заинтересирани можат да аплицираат, под услов да се подготвени да учествуваат волонтерски во различни локални проекти.

Се работи за платформата „Worldpackers“, која ги поврзува патниците со локални организации и хостели кои бараат волонтери.

„Се придружуваш на платформата, наоѓаш место каде сакаш да волонтираш и се пријавуваш“, објаснила Ружа за процесот.


„Worldpackers“ е онлајн платформа која ги поврзува патниците со хостели, НВО организации и други локални домаќини низ целиот свет кои нудат сместување, а понекогаш и оброци, во замена за неколку часови волонтерска работа дневно. Волонтерските задачи најчесто вклучуваат помош во хостелот (ресепција, чистење, организација на активности), работа на фарми, проекти поврзани со образование или работа во заедницата.

Патникот се регистрира, прегледува понуди по локација и услови (траење, работни часови, што е вклучено), се пријавува кај домаќинот, а договорот зависи од тоа дали домаќинот ќе го избере. Платформата често се користи за „патување со помал буџет“, но треба да се има предвид дека правилата, квалитетот и безбедноста се разликуваат од понуда до понуда, па се препорачува да се проверат рецензиите и деталите пред да се прифати понудата.

Тиктокери: „Ништо не е бесплатно“

Нејзиното видео поттикна бројни коментари, а се јавија и оние кои самите пробале слично искуство.

„Ништо не е бесплатно“, ѝ напишал некој во коментарите, а таа одговорила: „Ништо во животот не е бесплатно.“

„Но затоа работиш цел ден… Бев, видов и заминав. Најубаво е кога плаќаш… и уживаш“, напишала една тиктокерка. „Буквално се релаксирам цел ден хахахаха… Наутро малку екскурзии, навечер малку во ресторан“, ѝ одговорила Ружа.