Доколку ве фатат дека возите во јакна во оваа земја ви се заканува голема казна - еве зошто е тоа така

Супермен

22/01/2026

13:47

1.061

Големина на фонт

а а а

Возачите во Шпанија плаќаат казна од 200 евра поради возење во зимска јакна затоа што дебелата облека може да ги ограничи движењата и погрешно да се постави безбедносниот појас.

Во Шпанија возачите кои управуваат со автомобил во зимска јакна или капут можат да бидат казнети со парична казна од 200 евра доколку ги запре полиција.

Овој закон е воведен затоа што дебелата зимска облека може да го ограничи движењето во текот на возењето и да ја намали контролата над управувачот. Истото правило важи и за возење со шал или ракавици, доколку тие пречат во безбедното управување со возилото.


Ризик од повреди

Тестовите кои ги спровел германскиот автомобилски клуб (ADAC) покажуваат дека возачите кои се зад воланот во зимска јакна имаат дополнителни безбедносни проблеми.

Имено, дебелата облека може да го оневозможи правилното затегнување на безбедносниот појас поради што тој може да се лизне над стомакот и во случај на нагло запирање или сударот да предизвика повреди на внатрешните органи.

Слични предупредувања упатил и холандскиот автомобилски клуб (ANWB) којшто ги повикува возачите и патниците во автомобилот да ја соблечат дебелата зимска облека. Во спротивно, предупредуваат дека постои ризик од сериозни повреди во сообраќајни незгоди.

Ова предупредување се основа на тестовите во кои се симулирани реални ситуации со судири. Во текот на испитувањето, кукли биле облечени во дебела зимска облека и биле прицврстени за безбедносен појас на седиштата. Тестото бил изведен при брзина од 16 километри на час, после што следело нагло кочење.


Сериозно сфатете го предупредувањето

Резултатите покажале дека поради дебелината на зимската облека меѓу појасот и телото останува празен простор поради што појасот за момент на несреќата многу се затегнува во пределот на стомакот.

Тоа може да доведе до сериозни повреди на меките ткива, но и до внатрешно крвавење затоа што притисокот на внатрешните органи е значајно поголем тогаш.

Експертите затоа препорачуваат возачите и патниците во текот на возењето да ги соблечат јакните пред врзувањето со безбедносните појаси. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk