Афлек (53) во врска со најубавата Американка (28) која имала тројка со Алкараз и Синер? Двојно помлада од Џеј Ло! Се огласила и бомбастичната убавица

Точка

26/01/2026

17:22

1.265

Големина на фонт

а а а

Како вистинска бомба одекна веста дека Бен Афлек (53) е во врска со познатата Американка (28), препознатлива по провокативниот стил на облекување и прилично бурниот љубовен живот.

Претходно, актерот го спојуваа со Сидни Свини (28), па сега или тој претендира да има партнерка речиси двојно помлада, или другите сакаат на секој можен начин да го спојат со такви девојки.

Овој пат Бен Афлек се поврзува со познaтиот модел Брукс Нејдер (28). Социјалните мрежи се преплавени со објави за таа наводна романса, за која пишуваат водечките светски портали, од „TMZ“ до „Page Six“.

Приказната се развила толку многу што Брукс Нејдер се огласила преку своите профили и тврди дека сето ова не е вистина за неа и Бен Афлек.


Да потсетиме, актерот од 2005 до 2018 година бил во брак со Џенифер Гарнер (53), со која има три деца: Фин, Серафина и Вајолет. Се оженил пред три години со Џенифер Лопез (56), а тој брак заврши на почетокот на минатата година.

Брукс Нејдер е двојно помлада од Џеј Ло, а скоро исто толку години ја делат и од Џенифер Гарнер.


Американската убавица во исто време била со Алкараз и Синер

Брукс, која е блиска пријателка со Лорен Сначез, порано ја спојуваа со Том Брејди, но се покажа дека тоа не е точно.

Во септември минатата година како бомба одекна веста дека Брукс Нејдер била во паралелни врски со тенисерите Карлос Алкараз и Јаник Синер. За да биде сè уште поневеројатно, таа го гледала нивниот меч во финалето на „US Open“ во Њујорк.

Минатиот август, Брукс Нејдер гостувала во радио-емисијата „Page Six Radio“ заедно со своите сестри, ѕвезди на ријалити-шоуто „Love Thy Nader“. Четирите сестри ги нарекуваат новите Кардашијанки, а моделките на „Sports Illustrated“ открија дека заводливата Брукс се гледа „на теренот и надвор од него“ со мала група додворувачи.

Грејс Ен Нејдер изјави дека нејзината сестра се гледа со мажи „од секое поле и терен“ (намерно е употребен зборот „court“, кој се однесува на тениски терен), но напомена дека во тоа не спаѓаат кошаркари од НБА.


Таа дала уште еден навестувачки коментар, велејќи дека презимето на момчето на нејзината сестра се римува со „viner“, што е јасна алузија на Јаник Синер. „Во игра се многу играчи“, нагласила таа, а Брукс ја опоменала: „Престани да зборуваш! Ќе те удрам кога ќе се вратиме дома.“

Подоцна, Брукс Нејдер гостувала и во емисијата на Џими Кимел, кој ја прашал дали е во врска со Јаник Синер. „Дали ова е, како, испрашување? Многу сум исплашена во моментов. Близу си… жешко“, му одговорила заводливата Американка.

На крајот, Грејс Ен Нејдер за „E!“ изјавила дека нејзината сестра е во врска со Карлос Алкараз: „Да, гласините се точни. ‘Врска’ и не е најдобриот израз, а тој е маж достоен за почит“. Таа напоменала дека Алкараз е „многу сладок“, како и дека сè уште не го запознала, за разлика од своите сестри Сара и Моли.

Брукс Нејдер го гледала мечот на Алкараз на „US Open“ на 31 август, а потоа и финалето на тој турнир. Условно кажано, дури и ако изворот за „Page Six“ не тврди дека се случила интригантна тројка, и претходно беше јасно дека Брукс „била“ со двајцата тенисери. Додека се играше мечот Алкараз – Синер, кружеле гласини дека е во врска со Италијанецот, а потоа се потврди дека нејзиниот избраник е Алкараз.

Дали Карлос знаел за гласините за Јаник и Брукс Нејдер додека траеше „US Open“? Дали Синер знаел дека Брукс на крајот го избрала неговиот противник по бомбастичната изјава „мојата сестра е со оној чие презиме се римува со зборот ‘винер’“?


И сега на сето тоа додадете нов детал дека Брукс Нејдер паралелно била со првиот и со вториот тенисер на светот. Алкараз на крајот го освои трофејот и доби потврда дека тој е вистинскиот, а прашањето е и за кого ли навивала Брукс во финалето на „US Open“?

Јаник Синер сега е во врска со оваа убавица од Босна и Херцеговина, а извори блиски на Карлос Алкараз ја негираа неговата романса со Нејдер, но нејзината потврда остана.


Брукс Нејдер за врската со Бен Афлек

Афлек, кој пред бракот со Џеј Ло беше во врска со актерката Ана де Армас (37), не се огласи по повод гласините за новата романса, што беше и очекувано.


Брукс порача: „Никогаш не сум го сретнала во животот“. Би било интересно да се слушне и коментарот на Џенифер Лопез и Џенифер Гарнер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk