Градот во кој улиците буквално ќе бидат поплочени со злато: Луксузот му е второ име, еве за каков проект станува збор

Супермен

05/02/2026

22:09

636

Големина на фонт

а а а

Во рамките на проектот „Dubai Gold District“ планирано е да бидат изградени т.н. „Gold Street“ – улици во кои златото ќе биде вградено директно во конструкцијата.

Фразата дека во Дубаи „улиците се поплочени со злато“ со децении се користеше како метафора за моќната економија, високите заработки и стандардот на живот. Сега таа изрека би можела да добие и буквално значење.


Дубаи, градот којшто со години ги поместува границите на луксузот и урбаните иновации, подготвува нова атракција која делува речиси симболично. Проектот официјално бил претставен на 27 јануари, а планирано е новата улица да се наоѓа во „Deiri“, во непосредна близина на популарниот „Gold Souk“, еден од најпознатите трговски центри за злато, накит и луксузна роба.

Злато како столб на економијата

„Dubai Gold District“ ја претставува модернизацијата и новото позиционирање на постоечкиот „Gold Souk“ каде денес работат околу 1.000 трговци со злато и накит.

Обединетите Арапски Емирати спаѓаат меѓу најголемите глобални центри за трговија со физичко злато. Само во текот на 2024 и 2025 година извозот на злато надминал 53 милијарди долари, што го потврдува значењето на овој сектор за економија на земјата.


Во тој контекст, идејата „златни улици“ не е само туристички проект, туку и симбол на индустрија која има клучна улога во економскиот развој на регионот.

Луксуз како дел од стратегијата за развој

„Gold Street“ се вклопува во пошироката стратегија за развој на спектакуларни урбани проекти кои Дубаи го позиционираа како глобален центар за иновација и луксуз.

Градот веќе има некои од најпрепознатливите градежни проекти на светот, од највисоки згради на планетата до футуристички туристички и инфраструктурни решенија.

Паралелно се развиваат и проекти приспособени на климатските услови. Меѓу нив е и „Future Loop“, климатизирана пешачка рута долга два километри која треба да ги поврзе клучните деловни и културни зони во градот и да овозможи движење во текот на цела година.


За разлика од многуте светски метрополи каде луксузот е додаток, Дубаи сѐ почесто го вградува во својата инфраструктура. Планираната „златна улица“ претставува уште еден чекор во стратегијата на спојување на традицијата на тргување, современиот дизајн и футуристичкиот урбанизам.

Доколку плановите се реализираат, Дубаи би можел да добие уште еден симбол по кој ќе биде глобално препознатлив.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk