Пеп Гвардиола стана мета на жестоки критики поради изјавите за Газа: Му порачаа да се држи до фудбалот

Точка

05/02/2026

17:17

531

Големина на фонт

а а а

Пеп Гвардиола, тренерот на ФК Манчестер Сити, стана мета на жестоки критики од „Советот на еврејските претставници на Голем Манчестер“ поради неговите неодамнешни политички изјави.

Гвардиола на хуманитарна манифестација зборувал за состојбата на децата погодени од војната во Газа.

Советот на Икс објави:

„Пеп Гвардиола е фудбалски тренер. Дури иако неговите хуманитарни изјави се добронамерни, треба да се фокусира на фудбалот“.

Според нив, шпанскиот експерт го разочарал Манчестер Сити со тоа што повторно се впуштил во коментирање за меѓународни прашања.

Ова е веќе втор пат во рок од седум дена Гвардиола јавно да ги изнесе своите ставови за израелската агресија во Појасот Газа.

Во соопштението Советот додаде:

„Со оглед на неговото целосно отсуство од користење на значајната платформа за покажување солидарност, тоа е особено фрустрирачко“.

Гвардиола дополнително ги појаснил своите ставови во интервју по настанот.


Сепак, Пеп добил поддршка од Амнести Интернешнал во Обединетото Кралство:

„Владите ширум светот што убиваат, протеруваат и дехуманизираат милиони луѓе сакаат да нè убедат дека тоа е нормално. Но Гвардиола е во право. Не смееме да ги затвораме очите. И не смееме да го прифатиме тоа“.

На настанот „Act X Palestine“ во Барселона, Гвардиола зборувал за страдањата на децата во војната во Газа:

„Кога ќе видам дете на фотографиите и во медиумите како ја бара својата мајка затрупана под урнатините, чувствувам дека сме ги оставиле сами – запоставени и заборавени. Детето прашува: „Каде сте? Дојдете и помогнете нѝ. А ние досега не го направивме тоа“.


На крајот, Гвардиола се солидаризирал со палестинскиот народ:

„Мораме да се ангажираме, да се вклучиме и да се бориме за најслабите. Не само за Палестина, туку за сите хуманитарни прашања. Ова е изјава за Палестина и изјава за човештвото“.