Орландо Блум по разделбата со Кети Пери се забавува со 21 година помлада манекенка, парот „уловен“ заедно

Супермен

10/02/2026

15:12

822

Големина на фонт

а а а

Британскиот актер Орландо Блум (49), по откажувањето на свршувачката со Кети Пери, започна врска со манекенката Луиса Лемел, која е 21 година помлада од него. Двајцата беа забележани додека го напуштаа „Levi's Stadium“ во Санта Клара по Супербоул.

„Беа заедно во апартманот „Raising Cane“. Беа многу блиски. Разговараа со Тод Грејвс и Џејми Фокс“, изјави извор за „Daily Mail“.

Тие сè уште не се огласија по повод новоста дека се во врска. Луиса Лемел живее во Њујорк и досега соработувала со неколку брендови, вклучувајќи ги „Calvin Klein“ и „Brandy Melville“.

Има потпишано договор со неколку модни агенции, меѓу кои се „New York Model Management“, „Women 360 Paris“, „The Lab Models“ и „LA Model Management“. Позирала за колекцијата венчаници на Вера Ванг за 2024 година.

Орландо речиси 10 години беше во врска со Кети Пери, а во јуни 2025 година потврдија дека ја раскинале свршувачката. По сè останаа во добри односи и рамноправно учествуваат во одгледувањето на нивната ќерка Дејзи Дав, која е родена во 2020 година.

Кети Пери ја пронајде среќата со поранешниот премиер на Канада, Џастин Трудо. Кон крајот на минатата година престанаа да се кријат и објавија заеднички фотографии на социјалните мрежи.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk