Не се знае дали е повкусна или поздрава: Имуно салата од 3 состојки која го „бустира“ организмот, совршен додаток за јадењата од месо

Точка

12/02/2026

15:30

326

Големина на фонт

а а а

Во ова време кога владеат вирусите, гриповите и настинките, најдобро е да го подобриме нашиот имунитет со природни намирници, а доколку се вкусни тогаш сте нашле навистина добитна комбинација.

Доколку во текот на зимата немате идеја што да послужите со јадењата кои во себе содржат месо, тогаш оваа совршена салата би можела да дојде како вистинско освежување.

Освен што е многу здрава, таа освежува, му дава сила на нашиот организам и претставува неисцрпен извор на витамини и минерали кои ни се многу потребни.

Виолетовото богатство, цвеклото, е намирница која е позната по разните благодати, а доколку ја направите и со рен ќе добиете вистински „бустер“ за имунитетот.

Состојки:

- 500 грама цвекло;
- 80 грама корен од рен;
- 1,5 лажичка сок од лимон;
- 1 лажичка шеќер;
- 1 лажичка сол.


Подготовка:

Измијте го цвеклото и варете го 60-80 минути. Оставете да се излади, па излупете го и ситно изрендајте го. Коренот од рен измијте го, излупете го и изрендајте го на ситната страна од рендето.

Во сад ставете го цвеклото, ренот, лимоновиот сок, шеќерот и солта, па сѐ добро измешајте. Смесата ставете ја во стаклен сад, добро затворете го и чувајте го во фрижидер.

Сокот од лимон може да го замените и со 9% алкохолен оцет.

На здравје!