Неврохирург (92) вели дека овој десерт го одржува мозокот млад: Можете да го јадете секој ден, но под еден услов

Точка

12/02/2026

13:52

1.395

Големина на фонт

а а а

Д-р Леон Данаила (92), познат романски неврохирург, неодамна зборуваше за десерт кој, за разлика од повеќето слатки, благотворно делува на мозокот. Станува збор за темно чоколадо.

Темното чоколадо, консумирано во вистинска форма и доза, може да стане нашиот секојдневен сојузник во борбата против когнитивното стареење. Според зборовите на професорот, оваа намирница не само што не му штети на нервниот систем, туку и активно го штити.

Во едно од своите интервјуа, д-р Леон Данаила истакнал дека темното чоколадо, ако се консумира умерено, е единствениот десерт со вистински придобивки за одржување на здравјето на мозокот.


Богато е со флавоноиди, моќни антиоксиданси кои ја стимулираат церебралната циркулација и ги намалуваат ефектите на оксидативниот стрес – еден од главните причини за предвремено стареење на нервните клетки.

„Темното чоколадо со содржина на какао над 70 проценти, кога се консумира секојдневно во количина од 20 до 30 грама, ја поддржува мозочната активност без оптоварување на организмот со вишок шеќер“, објаснува докторот, пренесува „Yve.ro“.

Флавоноидите во какаото помагаат во подобрување на паметењето, будноста, па дури и расположението, благодарение на активни соединенија како теобромин и фенилетиламин. Ефектите се особено изразени кога овој десерт се консумира самостојно, без додаден шеќер или индустриска обработка – значи, не во форма на колачи, чоколади или креми.


Покрај тоа, д-р Данаила, кој на 92 години е жив доказ дека избалансиран начин на живот и здрави навики можат значително да придонесат за одржување на менталната јасност, препорачува и следното:

🍷 150 мл црвено вино дневно, со антиоксидативни придобивки;

☕ до три шолји кафе, што може да ја зголеми вниманието и да го намали ризикот од невродегенеративни болести;


🏃‍♂️📚💬🧠 редовна физичка активност, читање, чести разговори и вежби за паметење исто така се неопходни.