[ФОТО] Ирина Шајк на мета на критики поради фотографиите во бикини: „Таа супермодел? Итно во Бразил, да ѝ го зголемат задникот“

Точка

17/02/2026

09:46

1.930

Големина на фонт

а а а

Познатата манекенка Ирина Шајк, која наполни 40 години на 6 јануари, минатиот викенд била фотографирана на плажа во Мајами. И додека нејзините фотографии од модните кампањи се фалат со години, новите слики се остро критикувани.

Ирина Шајк носела црн дводелен костим за капење и вака изгледа на папарацо фотографиите, кои се целосно реалистични, т.е. без фотошоп.

Познатата Русинка која ги краси насловните страници на „Спортс илустрејтид“ и „Вог“, соработувала со најпрестижните куќи: „Диор“, „Шанел“, „Версаче“, „Прада“ и многу други, сега е многу негативно коментирана на социјалните мрежи.


„Дефинитивно ѝ треба бразилско подигнување на задникот“, „Што? Ова е убавина? Како Бразилка, ги гледам овие фотографии и морам да кажам не“, „Мора да дојдеш во Бразил“, „Нема што да се види овде“, „Никој дури и не ја погледна“, „Супермодел? Бидете сериозни“, „Кожата и коските се причината зошто луѓето ги вртат главите“, „Ја нарекуваат супермодел, мојата сопруга изгледа подобро“, „Има потреба од BBL (зголемување на задникот и обликување со сопствено сало)“, „Имам 51 година и изгледам подобро од неа“, биле дел од коментарите на луѓето.


Но, сепак има и позитивни коментари: „Таа одлучи да старее природно и јас го поддржувам тоа“, „Прекрасна е“, „Божица“, „Колку би било добро ако природниот изглед се врати како нов тренд! Навивам за тоа и за Ирина“.

Фотографиите се доказ дека жените од јавната сцена се изложени на огромен притисок и честопати нереални очекувања. Но, уште поизразена е премногу строгата проценка на нивниот изглед, како намерно да бараат „маана“.


Дали Ирина Шајк навистина изгледа толку лошо? Секако дека не. Но, за некои луѓе, ваквите забелешки даваат големо задоволство.

Фотошопираните модни кампањи кои ги прикажуваат моделите како „совршени“ жени се исто така виновни, па кога се објавуваат папарацо фотографии, разликата е очигледна.


Ирина Шајк не е непозната во фотошопот кој го користи на фотографиите за мрежите, но нема драстични измени во истите. Таа често објавува многу провокативни фотографии на својот Инстаграм профил, па неодамна снимила кампања, во која е речиси гола. Автор на фотографиите е Стивен Клајн.

📸 Фотошопирани фотографии од Ирина Шајк: