[ФОТО] Вакви глетки на црвениот килим никогаш претходно не биле забележани: Потегот на актерката ја остави публиката без здив

Супермен

17/02/2026

12:01

2.273

Големина на фонт

а а а

Американската актерка Хејли Лу Ричардсон уште еднаш докажа дека црвениот килим не ѝ е доволен – ѝ треба повеќе простор за акробации. Имено за време на позирањето пред фоторепортерите по повод новиот филм „Good Luck, Have Fun, Don’t Die“, на Берлинскиот филмски фестивал, атмосферата во еден момент излегла од контрола и се претворила во вистинско мало шоу.

Триесет годишната ѕвезда, позната по енергичните и малку ексцентрични улоги, најпрво разиграно позирала со колегите Сем Роквел и Мајкл Пења, а потоа – на изненадување на собраните фотографи – започнала серија акробатски движења.


Стоење на глава, високи клоцања, балансирање на раце во високи потпетици – сето тоа во црно сако, шорцови и хулахопки.



Публиката останала без здив, а Ричардсон уште еднаш покажала дека физичките предизвици не ѝ се непознати. Актерката, која еднаш откри дека е голем обожавател на бендот „Џонас Брадерс“, очигледно ужива во поместувањето граници – без разлика дали на големото платно или пред фотографите.



Режисерот на филмот, Гор Вербински, исто така ѝ придружил, обидувајќи се да им парира на високите удари со нога на актерката, но според реакциите на присутните – без многу успех.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk