[ВИДЕО] „Добив лото премија, но на едно нешто никој не ме предупреди: Да знаев што ме чека, никогаш немаше да ја подигнам наградата“

Супермен

17/02/2026

19:21

2.095

Големина на фонт

а а а

Тоа било исклучително возбудливо искуство кога Френк Кемлер (71) од Австралија ги проверил своите лото броеви пред неколку години и открил дека освоил околу 40.000 долари.

Веднаш го повикал семејството и возбудено им рекол: „Пакувајте се, одиме на одмор!“. Меѓутоа, радоста и возбудата не траеле долго.

Ја изгубил пензијата

Неколку дена подоцна, Френк дознал дека ја изгубил пензијата. Имено, лото добивката што ја примал во месечни рати се смета за вид приход, поради што повеќе не ги исполнувал условите за пензија, пишува „NY Post“.

„Беше целосно неочекувано. Ми требаа неколку дена да сфатам што се случи. Бев разочаран, мислев дека освоив нешто, но всушност...“, изјавил Френк.

Австралиецот тврди дека не му било понудено добивката да ја подигне одеднаш, а последиците биле сериозни. Сега мора да ја плаќа целосната цена за лекови и лекарски прегледи, што претходно му ги покривала пензијата.

„Затоа сакам да ги предупредам другите пензионери на оваа практика“, додава тој.

Би постапил поинаку

Целиот износ од лото наградата му бил исплатен, но парите повеќе не пристигнуваат секој месец. Кога повторно се обидел да побара пензија, дознал дека се многу зафатени и дека може да потрае додека го решат неговиот случај.


„Човек би помислил дека добивката ќе ме подмлади, но всушност уште повеќе остарев“, вели Френк.

На крајот, ги предупредува сите што купуваат лото ливчиња: „Нема никакви предупредувања. Никој не ви кажува дека може да останете без пензија. Да знаев што знам денес, ќе им ја дадев наградата на децата, а ќе ја задржев својата пензија“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk