Иако медалот останува најголема чест, сепак финансиските награди, како станови и автомобили претставуваат дополнителен мотив за спортистите кои со години тренираат за да стигнат до врвот.
Одредени освојувачи на злато на Зимските олимписки игри можат да добијат и многу вредни награди од својата држава.

Според податоците кои ги пренесува „CNBC“, спортистите од Полска кои ќе освојат злато на олимписките игри добиваат парична награда од околу 180.000 евра, двособен стан и нов автомобил од брендот „Toyota“.
Станува збор за моделот „Corolla Hybrid“ којшто во Полска чини околу 28.500 евра.
Хибридниот погонски систем се состои од 1.8 литарски мотор и електромотор со вкупна моќност од 140 KS.
И други земји нудат големи награди за олимписко злато. Спортистите од Сингапур можат да освојат околу 792.000 долари, од Хонгконг околу 768.000 долари, додека пак во Малезија оние кои ќе освојат злато околу 256.000 долари.

Иако медалот останува најголема чест, финансиска награда, како станови и автомобили претставува дополнителен мотив за спортистите кои со години тренираат за да дојдат до олимписките врвови.