Сидни Свини продолжува да предизвикува воздишки со атрактивните модни кампањи за својот бренд за долна облека „Syrn“. Овој пат инспирацијата ја пронајде во модата од 80-тите години.
Сидни Свини веќе извесно време е тема на светските медиуми, особено сега кога ја лансираше својата колекција интимна долна облека.
Се чини дека самата линија не е толку популарна колку жешките кадри од модните кампањи за овој бренд, каде главен актер е токму таа. За кратко време успеа да го уновчи својот сексапил, а сега се врати со новата колекција „Midnight Snack“.
Инспирацијата за оваа модна кампања ја пронајде во естетиката на 80-тите, а провокативните кадри и овој пат беа нејзин составен дел. Како што може да се види, позираше без панталони во заводливо издание кое прикажува унисекс модни парчиња.
За разлика од претходните две колекции, кои го нагласуваат женскиот сексапил, оваа става акцент на парчиња облека што се родово флуидни и родово неутрални, а се изработени од памук.
Во таа насока, тука имавме можност да ја видиме заносната актерка во атрактивно издание – бела маичка, гаќички и кошула во боја на лаванда која со својот крој доста потсетува на машко парче облека.

Косата ја стилизирала на наједноставен начин – се одлучила за опуштени бранови, а кога станува збор за шминката, користела пастелни и земјени тонови.
Фотографиите ги воодушевиле бројните обожаватели на Сидни, а во продолжение погледнете и зошто.
