Како што дигиталните врски стануваат сè попопуларни низ целиот свет, проблемот со осаменоста станува сè поочигледен. Иако често се дискутира за тоа, ретко се споменува дека самосвеста и емоционалната поврзаност, особено кај мажите се често занемарено поле.
Инструкторката по јога и креаторка на содржини од САД, Флора, се обидува да ја промени оваа „динамика“. Нејзината цел не е само да им помогне на мажите, туку и да ги ослободи од потребата за помош, пишува „Мирор“.
Флора претходно била позната по содржина што вклучувала експлицитни и провокативни фотографии, но откако доживеала прегорување и сфатила дека таков пристап „не ѝ носи исполнување“, одлучила да ја преобликува кариерата.
Како што рекла нејзиниот фокус сега е на емоционална поврзаност и помагање на мажите да ја надминат осаменоста, срамот и зависноста.

„Почнав со содржина што беше експлицитна, како што правеа и другите луѓе околу мене. Мислев дека тоа е единствениот пат до успех“, признала Флора.
Таа истакнала дека нуди различни форми на поддршка, како што се месечни курсеви за медитација и истегнување, а во минатото го организирала и виртуелниот курс „Bloom“, каде што дискутирала за теми како што се осаменост, срам и тага – теми за кои, според неа е тешко да се зборува, особено за мажите.
Кога ќе помислите на „Онлифенс“, веројатно не помислувате на некој што со грижа и топлина им чита приказни за заспивање на своите следбеници, но и Флора го прави тоа.

„Навистина го сакам тоа, бидејќи тоа е релаксирачко време што го поминуваме заедно. Читањето приказни за заспивање е всушност едно од моите омилени нешта што ги правам во живо на мојот профил, токму затоа што сè е толку здраво, топло и едноставно толку слатко“, нагласила таа.
Една од клучните групи што ги користат нејзините услуги се мажи на возраст меѓу 40 и 60 години. Флора верува дека тие често се соочуваат со предизвици во создавањето нови врски, но и во одржувањето на постојните, без разлика дали со пријатели или со семејство.
Со текот на времето, таа остварила финансиски успех што го надминал оној од претходната кариера.

„Заработувам шест пати повеќе отколку кога се занимавав со експлицитна содржина“, признала Флора.