Популарната актерка и режисерка Оливија Вајлд по премиерата на својот нов филм „The Invite“ на „Санденс“ филмскиот фестивал, сега ужива со новиот партнер на годишен одмор.
Таа и нејзиниот партнер Каспар Џоплинг биле забележани на јахта во Мексико.

Парот бил фатен додека уживале во сонцето во Лос Кабос, а моментот стана интригантен кога актерката го соблекла горниот дел од бикинито и вежбала во топлес издание. По вежбите за истегнување, актерката исто така во топлес направила и селфи фотографии.


41-годишната актерка и 34-годишниот трговец со уметнички дела се заедно од минатата година, а во јавноста за прв пат биле забележани во септември во Лондон кога се бакнувале пред еден ресторан.

Инаку, Каспар пред две години се развел од пејачката Ели Голдинг, која сега очекува дете со новиот партнер. Од друга страна Оливија неколку години поминала со пејачот Хари Стајлс, со кого соработувала и на филмот „Don’t Worry Darling“.


Ели и Каспар имаат четиригодишен син Артур, додека Оливија има две деца, 11 годишниот Отис и деветгодишната Дејзи, кои ги добила со својот поранешен свршеник, актерот Џејсон Судеикис.