Карагер и Ричардс го „подбраа“ Мурињо: Лицемерно е од него…

Дерби

18/02/2026

14:54

447

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид ја совлада Бенфика со 1-0 во Лигата на шампионите, но се остана во сенка на инцидентот меѓу Винисиус Жуниор и Џанлука Престијани.

Бразилецот обвини дека бил навредуван на расна основа, дека бил нарекуван мајмун по што натпреварот беше во прекин за да потоа истиот продолжи и заврши со единствениот гол кој беше дело на крилниот напаѓач на „кралевите“.

По натпреварот, денеска и веројатно и во наредниов период ќе имаме реакции на темава, а во студиото на „Си-Би-Ес“ стручните аналитичари Џејми Карагер и Мајка Ричардс имаа што да кажат за изјавата на Жозе Мурињо кој меѓу редови го обвини Вини Жуниор за целата „фрка“, поточно порача дека немал потреба да слави на тој начин и дополнително да ја иритира публиката.

Со оглед на тоа што ова дојде до Мурињо, човекот кој бурно славел на многу терени во Европа, Џејми и Мика имаа што да порачаат.

- Секој може да слави како што сака. Не треба да бидете расистички навредувани без разлика на сè. Малку е богато кога доаѓа од Мурињо. Се сеќавате како трчаше по аут линијата на Олд Трафорд. Се сеќавам во финалето на купот против Ливерпул кога Челси постигна гол многу доцна [Мурињо] им кажуваше на сите навивачи на Ливерпул да замолчат.

- Малку е чудно од него да „попува“ за тоа како Винисиус Жуниор го славел голот. Тоа е значаен гол во голем натпревар од Лигата на шампионите, тој има повеќе од право да слави како што сака, - порача Карагер.

- Мурињо е некој што го сакам како тренер. Очекувам подобро од него бидејќи е моќна личност во спортот. Многу луѓе слушаат што зборува. Лицемерие е од него што зборува за Винисиус Џуниор, а тој слави како што сака, - истакна Ричардс.