За време на трка на Зимските олимписки игри на патеката влегло куче, но луѓето првично мислеле дека станува збор за волк, што предизвикало загрижувачки сцени.
На Зимските олимписки игри се случуваат најразлични ситуации, па така во еден момент присутните помислиле дека волк влетал на патеката. Сè се случило за време на трка во женска конкуренција во крос-кантри скијање, кога едно животно се појавило зад скијачките.
Драматичната сцена траела неколку секунди, сè додека не сфатиле дека станува збор за куче, иако е јасно дека не им било пријатно кога се приближило и почнало да ги душка натпреварувачките. Една од нив била Хрватката Тена Хаџиќ (21). Таа ја завршила квалификациската трка на второто место, но призна дека не ѝ било сеедно.
„На почетокот помислив дека станува збор за волк и дека можеби халуцинирам по напорната трка. Беше исклучително големо додека трчаше, се плашев дека може да ме касне“, изјави Тена.
i hope he wins pic.twitter.com/2MGnrzP7Zz
— mathilda (@thildakm) February 18, 2026
Сериозно прекршување на правилата
Настанот, кој сега делува малку комично откако сè заврши, можел да има многу посериозни последици. Организаторите на Зимските олимписки игри повеќепати нагласуваа дека е строго забрането носење домашни миленици на настаните – токму поради вакви ситуации.
„Тоа што кучето се појави на патеката воопшто не е добро. За мене тоа не е голема работа бидејќи не се натпреварувам за медал. Но, ако вакво нешто се случеше во финале каде луѓето се борат за медал, можеше да биде опасно“, додаде Тена Хаџиќ.
Вашето мислење ни е важно – оставете коментар, не е потребна регистрација.














