[ВИДЕО] Инфлуенсер провоцирал поранешен УФЦ борец: Заработил нокаут

Точка

18/02/2026

16:17

790

Големина на фонт

а а а

Дека постојат последици за она што го кажувате и правите, можеби најдобро го покажува примерот на инфлуенсерот и јутјубер „Дин д Грејт“ (Deen The Great).

Имено, овој стример бил еден од гостите на роденденската забава на поранешниот шампион во полутешка категорија на УФЦ, Ремпејџ Џексон и таму бил нокаутиран.

За време на навидум безопасен разговор со друг поранешен УФЦ борец, Тики Госн, Дин започнал со навреди и провокации.

Поранешниот борец во велтер-категорија, кој има 18 победи и шест порази во кариерата, веднаш му рекол дека не му се допаѓа неговиот став и начин на зборување.

Кратко по тоа предупредување, Госн брутално го нокаутирал Дин д Грејт, по што ситуацијата дополнително ескалирала.

Дошло до буткање во кое се вклучиле повеќе лица, а можел да се слушне и Дин д Грејт, кој и покрај бруталниот удар продолжил да му се заканува на Госн.

Инаку неколку часа пред овој инцидент Дин имал уште еден „конфликт“, со професионалниот бодибилдер Лери Вилс, кој на крајот му удрил силна шлаканица.

Дин д Грејт е инфлуенсер и боксер познат по борбите со други лица популарни на социјалните мрежи, а најчесто кога ќе предизвика некој добива „ќотек“.