[ВИДЕО] По рецептот на „Cooking with Branko“: 3 предлози за посни намази совршени за Велигденските пости

Точка

24/02/2026

15:15

414

Големина на фонт

а а а

„Три намази, 5 минути, нула компликации“, пишува во објавата на еден од најшарените профили на македонските готвачи на Инстаграм – „Cooking with Branko“.

Во тек се велигденските пости, па доколку ви недостасува идеја да зготвите нешто поразлично од вообичаено, тогаш Бранко Попоски има одличен предлог за три посни намази.

Состојки:

🥄Варен наут;
🥄Таан;
🥄Маслиново масло;
🥄Сок од лимон;
🥄Лук;
🥄Сол и бибер.

Смесата поделете ја на три дела и додадете:

🥄Морков;
🥄Цвекло;
🥄Ореви.

Подготовка:

Стави ги состојките за основата во блендер и блендирај до кремаста текстура. Потоа подели ја смесата за со цвекло, морков и ореви и блендирај повторно. Потоа складирај во тегли и стави во фрижидер.

Намазот е одличен за со лепче, крекер или тортиља.

Кој вкус би го пробал прв?