Денеска во Нион беше извршена ждрепката за осминафиналето на Лигата на шампионите, а Иван Ракитиќ кој беше специјален гостин на УЕФА донесе два парови кои се издвојуваат од останатите.
Одново ќе имаме битки на Реал Мадрид и Манчестер Сити, два клуба кои веќе редовно почнаа да ги одмеруваат силите во елитното натпреварување. Другото соочување кое дефинитивно привлекува внимание е она меѓу ПСЖ и Челси што значи ќе имаме реприза на финалето на Светското клупско првенство.
Барселона го доби Њукасл, Баерн Минхен ќе биде фаворит против Аталанта, а најголемото изненадување Бодо Глимт ќе се надигрува со Спортинг Лисабон што му дава реални шанси да дојде и до четвртфиналето.
Првите натпревари се закажани за 10/11 март, реваншите за 17/18 март.
Парови за осминафиналето во ЛШ:
Реал Мадрид-Манчестер Сити
Бодо Глимт-Спортинг Лисабон
ПСЖ-Челси
Њукасл-Барселона
Галатасарај-Ливерпул
Атлетико Мадрид-Тотенхем
Аталанта-Баерн Минхен
Баер Леверкузен-Арсенал







