Лаутаро за љубовта кон Интер и сонот кој сака да го оствари: Никогаш не замислував…

Дерби

06/03/2026

16:23

309

Големина на фонт

а а а

Лаутаро Мартинез важи за напаѓач кој дефинитивно е потценет од поголемиот дел од јавноста, играч кој кога е максимално фит и подготвен прави разлика во Интер, но и во аргентинската репрезентација.

Денеска доста се говори за статистиката, а далеку за тоа што некои работи се прават на теренот и не влегуваат во овој дел, нешто што дефинитивно го прави Лаутаро, да помага и биде корисен како за Интер така и на националниот тим.

Во досегашната кариера постигна доста, но Лаутаро е гладен и сака уште успеси.

- Освојувањето на Светското првенство е најважното нешто во фудбалот. Но, сонот што сè уште сакам да го остварам е освојувањето на Лигата на шампионите, -истакна напаѓачот кој е среќен во Милано и се што досега направи за „нероаѕурите“.

- Никогаш не замислував дека ќе го достигнам ова. Но, со работа и жртва, сè е остварливо. Интер е страст. Носењето на капитенската лента за првпат беше неопислива емоција, исто како и секој гол што го постигнувам на Сан Сиро.

- Од првиот ден се чувствував сакан од луѓето тука. Се чувствувам горд на тоа, - порача напаѓачот.