[ВИДЕО] Оваа жена е светско чудо: Линдзи Вон почна повторно да тренира, а пред еден месец доживеа страшен пад на ЗОИ

Точка

06/03/2026

16:22

779

Големина на фонт

а а а

Зимските олимписки игри штотуку завршија, а на многумина сè уште им се свежи во сеќавање страшните снимки од падот на американската скијачка Линдзи Вон на патеката во Кортина д’Ампецо.

Американката потоа неколкупати беше оперирана, а прогнозите беа дека долго време нема да може да се врати на спортот. Сепак, таа повторно ги воодушеви сите и покажа колкав борбен дух поседува.

Само 25 дена по тешкиот пад, Линдзи Вон објави снимка на која може да се види како повторно тренира, и покрај сите операции што ги поминала.

Вон тренира во теретана, прави вежби за стомачни мускули, рамена, но и за повредената нога, обидувајќи се да ја врати во оптимална состојба. До неа се наоѓаат и инвалидски колички, покрај кои Линдзи дури станува и продолжува со тренингот.

„Дефинитивно се тешки времиња, но и понатаму сум благодарна. Напорно работам и повторно сакам да бидам здрава. Ден по ден“, изјави Линдзи Вон.

Како што и самата наведе по Игрите, во еден момент била загрозена дури и нејзината нога, па била спречена ампутација. Сега се радува и се надева дека еден ден повторно ќе се врати на она што најмногу го сака.